Хамас се согласи да се разоружа по договорот со Комитетот на Трамп: Колку е одржлив
Хамас се согласи да „целосно разоружа“ откако постигна договор со Комитетот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп.
Договорот беше постигнат по месеци „многу тешки“ преговори, се вели во него.
Нарекувајќи го договорот „историски пробив“, комитетот рече дека разоружувањето ќе биде „придружено со израелско повлекување од Појасот Газа“.
Сепак, Израел јавно не одговори на планот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше во САД на разговори со Трамп пред само неколку дена, јавуваат медиумите.
Американски функционер им рече на новинарите дека Трамп би бил „многу разочаран“ ако Израел одлучи да не се повлече од Газа - услов за кој се согласија и Израел и Хамас во мировниот план на Трамп од 20 точки, објавен во октомври.
Во меѓувреме, во Газа, објавата беше дочекана со малку јавен ентузијазам, вели дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абулуф, кој известува од Каиро.
„По години неуспешни прекини на огнот и неуспешни договори, многу Палестинци станаа длабоко скептични кон новите политички пробиви“, пишува тој.
„За многумина, довербата и во Хамас и во Израел останува ниска, а претходните договори беа постојано прекршувани пред да донесат значителни подобрувања на терен.“
Што беше договорено?
Планиран е фазен процес што ќе го поврзе разоружувањето на членовите на палестинската екстремистичка организација Хамас со постепено повлекување на израелските трупи од Појасот Газа и распоредување на нова палестинска преодна власт поддржана од меѓународни сили за стабилизација, според договор од четири страници што го виде Би-Би-Си.
Американските претставници рекоа дека планот е намерно изграден врз „нулта доверба“, при што ниту Хамас ниту Израел не можат да преминат на следната фаза сè додека другата страна не ги исполни своите обврски.
Тие рекоа дека помалите групи во Појасот Газа прво ќе бидат разоружани, пред Хамас да започне со демонтирање на она што го опиша како воена инфраструктура на државата од тунели, складишта за оружје и производствени капацитети.
Donald Trump says Hamas has agreed to disarm over time https://t.co/ItKkczJGpq
— Financial Times (@FT) July 31, 2026
Хамас рече дека таа фаза ќе трае значително подолго
Контроверзниот „Мировен комитет“ на Трамп: Што е тоа, кого покани и кој прифати
Трамп како „Врховен миротворец“: Што значи неговиот Мировен комитет за ОН
Мировниот план на Трамп за Газа: Нема Хамас во администрацијата, а Тони Блер како дел од „Владата“
Откако ќе се исполнат сите фази од планот, новата палестинска власт ќе има целосна контрола врз оружјето во Појасот Газа.
САД и комитетот велат дека членовите на Хамас во Газа ќе го предадат своето оружје на привремените власти.
Потоа ќе има „процес на декомисионирање“ на тешкото оружје, што би вклучувало затворање на тунели и складишта, како и повлекување на борците што го водат.
Тоа ќе биде „технички процес“ во кој едно од клучните прашања ќе биде како безбедно да се складира собраното оружје.
На крајот, целото „лично оружје“, што значи она што го поседуваат поединци во Газа, ќе мора да биде „обработено“ во согласност со палестинскиот закон.
Трамп на инаугуративната седница на Комитетот за мир во ГазаРојтерсКомитетот за мир, формално основан во јануари, беше создаден како дел од мировниот план на Трамп од 20 точки за Појасот Газа
Што би можело да се случи следно?
Многу прашања остануваат неодговорени во врска со израелското повлекување.
„Премиерот Бенјамин Нетанјаху досега покажа мал интерес за трајно повлекување од Појасот Газа, соочувајќи се со притисок од крајно десничарските коалициски партнери кои долго време се спротивставуваа на таков потег“, пишува Шаима Калил, дописничка на Би-Би-Си за Северна Америка.
Исто така, постојат многу оперативни прашања, вели таа.
На пример, на кого израелските трупи ќе ја предадат контролата и дали тампон-зоната позната како „Жолта линија“ ќе биде вклучена во повлекувањето.
Дописникот на Би-Би-Си, Ружди Абулуф, исто така, вели дека е прерано да се процени дали договорот ќе биде спроведен.
Но, ако се одржи, тоа би бил „кредибилен прв чекор“ кон завршување на војната во Газа, која трае речиси три години.
Договорот, или поточно планот, беше постигнат неколку дена откако Хамас го избра новиот лидер Калил ал-Хаја.
Хамас претрпе значителни загуби за време на двегодишната војна со Израел.
Неговите врвни лидери и команданти беа убиени по ред.
Прво, Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас, беше убиен, по него новиот командант Јахја Синвар, а меѓу нив и некои други истакнати членови, најзначајни
Палестинските претставници вклучени во преговорите веруваат дека новото раководство беше подготвено да донесе она што го опишуваат како најзначајната политичка одлука во историјата на Хамас, поттикната од катастрофалните хуманитарни услови со кои се соочуваат повеќе од два милиони Палестинци во Појасот Газа.
Хамас предводеше напад на палестински екстремистички групи врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени 1.200 луѓе, а 251 беа земени како заложници, од кои некои беа убиени во заробеништво во Појасот Газа.
Израел одговори со започнување брутална воена операција во Газа, во која загинаа повеќе од 73.290 луѓе, вклучувајќи повеќе од 21.200 деца, според Министерството за здравство на територијата управувана од Хамас, кое ОН го смета за сигурно.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила минатиот октомври.
Но, оттогаш, според Министерството за здравство на Газа управувано од Хамас, најмалку 1.168 Палестинци се убиени во израелски напади.
Египет „наскоро“ ќе биде домаќин на состанок на медијатори за мировен план за Појасот Газа, објави државната новинска агенција Ал-Кахира утрото на 31 јули.
Меѓу медијаторите се Египет, САД, Катар и Турција.
Фото: Принтскрин/Икс
