ИСЧЕЗНАТА Е КРИСТИНА (15) ОД ОХРИД - заминала на плажа, по што телефонот и бил исклучен
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната. Семејството последен пат ја видело вчера околу 16 часот.
Нејзината мајка Давида Јанеска за „Слободен печат“ вели дека ќерка ѝ, вчера попладнето околу 16 часот ѝ посочила дека ќе оди на плажа, но потоа телефонот ѝ бил исклучен.
Случајот заедно со сопругот го пријавиле во СВР Охрид рано утринава во четири часот.
- Носеше црна маица, широки сиви фармерки, црн ранец. Има црна коса. Доколку некој ја забележи ве молам јавете ми се на 075 23-8015 или на 075 238-017 – апелира мајката Јанеска.

Слично
