ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде претпладнево е најтопло, а каде најсвежо во Македонија?

Каде претпладнево е најтопло, а каде најсвежо во Македонија?

Гевгелија е најжешкиот град во земјава претпладневo. Во овој град се измерени 31,6 степени, додека 31 степен се регистрирани во Демир Капија и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје.

Веднаш зад нив се Велес со 30,9 степени, Штип со 30,5, како и Виница и Кавадарци, каде што се измерени по 30,4 степени. Точно 30 степени се измерени во Струмица и на мерната станица Скопје-Петровец.

Во останатиот дел од земјата температурите се нешто пониски. Тетово, Крива Паланка и Прилеп бележат 28,3 степени, Тополчани 27, Пожаране 26,3, Берово 25,6, Маврови Анови 25,5, а Радовиш-Пожар 25,3 степени. Најпријатно претпладнево е во туристичките и планинските места. Во Охрид се измерени 25,2 степени, во Претор 24,2, во Крушево 22,9, додека Попова Шапка останува најсвежото место во земјава со само 18 степени.

ad
Слично

Поврзани вести