ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАКО ПРАВИЛНО СЕ ТОЛКУВААТ МИКРОБИОЛОШКИТЕ НАОДИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ“: д-р. Даниловски со објаснување

„КАКО ПРАВИЛНО СЕ ТОЛКУВААТ МИКРОБИОЛОШКИТЕ НАОДИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ“: д-р. Даниловски со објаснување

Деновиве во јавноста се споделуваат информации за пронајдени микроорганизми во водата во Гостивар. Но, пред да се крева паника, важно е да знаеме како епидемиолозите ги толкуваат овие резултати.

Ова го истакна на социјалните мрежи доктор Драган Даниловски, познат епидемиолог и универзитетски професор кој е познат во јавноста благодарение на неговите чести и јавни настапи и објаснувања поврзани со епидемиите и заштитата од нив. 

- Еден изолиран позитивен микробиолошки наод не значи ништо сам по себе!

За правилна епидемиолошка и јавно-здравствена процена, неопходно е да се анализираат неколку клучни параметри: соодветната локација на земање на примерокот, потврда на наодот преку повторени лабораториски анализи, како и моментот на земање во однос на спроведеното хиперхлорирање.

Дополнително, мора да се земат предвид резултатите од сите точки на водоводниот систем (извор, резервоари и периферија) и да се утврди дали тие соодветствуваат со реалната епидемиолошка слика на терен.

Точни епидемиолошки заклучоци се носат само со поврзување на сите овие информации - нагласува д-р. Даниловски во објавата на Фејсбук. 




ad
Слично

Поврзани вести