КАПЕТАН ПРЕМИНАЛ НА РУСКА СТРАНА: Украинците со експлозив го ликвидираа на Крим
На Крим загина поранешен украински офицер кој преминал на руска страна, откако жена активирала експлозив ставен во канта за смет.
Поранешниот украински офицер, Роберт Шегаев кој бил командант на украинската подморница „Запорожје“, па преминал на руската страна, е убиен вчера во експлозија во Севастопол, објави Укринформ.
Како што се наведува, Шагеев, кој бил заменик-командант на 4-та посебна подморничка бригада на руската Црноморска флота, која лансирала ракети „Калибар“ кон Украина, бил убиен кога експлозивна направа експлодирала во неговата близина.
„Мажот се симнувал по уличните скали кога експлодирала експлозивна направа во близина“, беше објавено на Телеграм каналот „Кримски ветер“.
Шагеев, кој бил капетан од прв ранг во украинската армија, преминал на руска страна во 2014 година и станал командант на руска подморница, која, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, учествувала во масовни ракетни напади од „калибар“ врз украинската цивилна инфраструктура и станбени згради од 2022 година.Руската инвазија на Украина трае петта година.
Слично
