ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавалџијата Александар Петковски го руши митот дека овој инструмент е само за изворната музика: „Местото на кавалот е и во џезот, попот и на светските сцени“

Кавалџијата Александар Петковски го руши митот дека овој инструмент е само за изворната музика: „Местото на кавалот е и во џезот, попот и на светските сцени“

Кога ќе се спомене кавалот, првата асоцијација најчесто е звукот на македонската традиција - инструмент кој со векови ја раскажува приказната за нашето поднебје, планините, овчарите и богатото фолклорно наследство. Неговиот топол и препознатлив тон одамна го надминал времето, а денес добива ново значење преку младите музичари кои му даваат современ израз.

Еден од нив е Александар Петковски, во музичките кругови познат како Алекс – Кавал, млад уметник кој токму во овој традиционален македонски инструмент ја пронашол својата музичка насока и животна определба.

Својот природен талент за свирење на кавал не го оставил само на дарбата. Напротив, го надградувал преку образование, посветена работа и учење од најдобрите мајстори на овој инструмент во Македонија, стекнувајќи искуство што денес го претвора во препознатлив музички израз. Иако кавалот најчесто се поврзува со изворната народна музика, Александар верува дека неговите можности се многу пошироки. Според него, доколку се пристапи креативно и со добра музичка идеја, кавалот може совршено да се вклопи и во џез, поп и многу други музички жанрови, покажувајќи дека традицијата и современоста можат да звучат како едно.

„Уште од рани години изразив желба и љубов кон музиката. Преку слушање квалитетна музика и извонредни музичари во Македонија и пошироко, постојано се развивав и се надградував како артист“, вели Александар, во разговорот со Женски магазин, чија приказна е доказ дека љубовта кон музиката, кога е придружена со труд и посветеност, може да му даде нов живот и на еден од најстарите македонски инструменти.

ЖМ: Многумина се одлучуваат за гитара, пијано или хармоника, но Вие го избравте кавалот. Што е тоа што Ве привлече кај овој древен македонски инструмент?

- Првично мојот прв инструмент беше пијаното или народски кажано синтисајзер во приватното нижо школо кај мојот драг професор, а сега слободно можам да кажам и пријател Горан Алачки.Бидејќи таму повеќето познати музичари од таа школа се и меѓу нив мојот драг пријател и колега Игор Димовски виртуозот на хармоника и сега познат меѓу народот „Пауза за ракија“. Потоа се школував се запишав во Средното музичко школо „Илија Николовски Луј“ па потоа на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде јас и го одбрав да го изучувам кавалот кај мојата драга професорка Бајса Арифовска и сум ѝбескрајно благодарен на секој поминат миг со изучување на инструментот и педагошкиот пристап и настапите кои ги имавме во текот на изучувањето на инструментите меѓу кој и кавалот.

ЖМ: Кога сфативте дека свирењето на кавал не е само хоби, туку дека може да стане сериозна професионална определба?

- Секој инструмент може да биде и хоби за некој аматер кој сака да го изучи инструментот до одредено ниво.Кај мене професионалниот аспект започна 2015 кога во неколку наврати при разговор со мојот драг професор на факултет Драган Даутовски, ни укажуваше дека ќе дојде време кога тие инструменти ќе бидат барани во секој жанр.Тоа се покажа на дело кога имав ангажмани за соработки или т.н да се позајми инструментот во композиции за познати македонски и балкански изведувачи итн.

ЖМ: Кавалот има многу специфичен и препознатлив звук. Што според Вас го прави толку посебен и зошто неговата мелодија толку силно допира до луѓето?

- Точно.Јас по тоа што го свирам, а за секој инструменталист е потребно секој ден да работи на инструментот, сè со цел да го истражува и да се надоградува.Тоа што го прави посебен како што велите, е неговата емоција и динамика на изразување и мора да бидеш со инструментот како едно.Јас велам да пееш, се со цел да допреш до публиката.

ЖМ: Често се смета дека кавалот е инструмент само за изворна музика. Дали навистина е така или може успешно да се вклопи и во други музички жанрови?

-Кавалот е и народен инструмент бидејќи е скроен што би се рекло од човекот, но сепак според моето искуство тој може да пронајде употреба и во класичната, џез, поп дури и во фолк музиката ако знаеш како да го вметнеш и адаптираш тој инструмент.Пред сè мора да имаш широк опсег на слушаност на различни музички жанрови, за да во секоја пригода, поточно настап да се вклопиш заедно со бендот.

ЖМ: Колку време е потребно за да се совлада кавалот? Кои се најголемите предизвици со кои се соочува секој што ќе одлучи да го изучува овој инструмент?

- Се зависи до човекот, бидејќи ова е „индивидуален спорт“ и како во спортот ако веќе се одлучиш да го свириш тој инструмент од професионален аспект мора да се одвои доста време.На почеток да се извади тон (тука вклучува поставка на амбажурот на усната) и мора да се координира и дијафрагмата,сè со цел да се издржи еден тон па понатаму и цела мелодија каде на крај се гради естетиката и се градиш како музичар за да бидеш препознатлив за публиката. Мојот идол и пример за кавалџија (не сакам никој во ова да се навреди или дека деградирам други кавалџии) е Гоце Димовски од „Синтезис“ кој има преубав тон и вибрато. Постојано црпам идеикако да се надоградамкако музичар, инструменталист.Тоа е и тесно поврзано со изведувачите.

ЖМ: Што е специфично кога станува збор за изработката на кавалот? Од какви материјали се изработува и дали постојат различни видови кавали?

- Бидејќи не сум запознаен со изработката на кавали, единствено што знам се изработува од јасеново или дабово дрво.Долг е процесот на изработување бидејќи како и сите инструменти мора да штима при финалниот процес кога ќе се заврши со изработка на кавалот. Постојат различни видови кавали.Во Турција тој е познат како Неј, кој има ориентален звук и во Бугарија се разликува според изработката и звукот.

Целиот разговор проследете го на Женски магазин....

ad
Слично

Поврзани вести