Кичево ќе добие нова болница - колку ќе чини инвестицијата?
Нова болница ќе се гради во Кичево. Станува збор за инвестиција од 22,5 милиони евра.
Денеска посета реализираше заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници на Општината, кичевската болница и Светската банка. Планираната инвестиција изнесува околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. Андовски вели дека со децении граѓаните се соочуваат со несоодветни болнички услови, а целта е создавање побезбеден и пофункционален здравствен систем. Новата болница ќе има современи простории за дијагностика, болничко лекување и итна медицинска помош, како и модерна опрема со енергетска ефикасност. Новиот објект ќе им служи на околните населени места, со што ќе се намали потребата пациентите да одат за здравствени услуги во Скопје, Охрид и Битола.
фото Фејсбук/Јовица Андовски
