„ЌЕ ИМА ИСТРАГА ЗА ОВОЈ ПРОЦЕС“ - премиерот тврди 'има груба манипулација од локален јавен обвинител'
Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече e соучесник во овој процес.
- Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши.
Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и презиме, не би сакал да шпекулирам со имиња и презимиња.
Допрва ќе има истрага и ќе следи истрага за овој процес, затоа што од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство овдека во Битола.
Ова нема така да заврши - напомена премиерот Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Судијата што му го вратил пасошот на бизнисменот Марковски потоа заминал во пензија
На осомничениот бизнисмен Борче Марковски му бил вратен пасошот и веднаш ја напуштил Македонија
Бизнисменот Борче Марковски излезе од притвор со 5 милиони евра гаранција
