ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кога ќе ја тргнете одговорноста и транспарентноста, не градите европски проект – градите систем во кој тендерите полесно се местат“: Зајкова со остра реакција

„Кога ќе ја тргнете одговорноста и транспарентноста, не градите европски проект – градите систем во кој тендерите полесно се местат“: Зајкова со остра реакција

Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова денеска со остра ракција на најновите планови на Владата за задолжување. 

- Кога ќе ја тргнете одговорноста и ќе ја тргнете транспарентноста, не градите европски проект – градите систем во кој тендерите полесно се местат, а граѓаните повторно ја плаќаат сметката. Над 21 милион евра јавни пари, концентрирани овластувања, сопствени правила за набавки и сè тоа по скратена постапка, без јавна дебата и без антикорупциска анализа.

Не е проблем што се носи закон за „Скопје 2028“. Проблем е што повторно се прави закон по мерка на власта, а не по мерка на јавниот интерес - напиша Зајкова во својата објава на социјалните мрежи. 

Таа укажа дека особено проблематично е што овој закон се носи откако се направија измени на Кривичниот законик и се избришаа одредбите за злоупотреба на јавните набавки. 

- Најцинично е што ова доаѓа откако го осакатија Кривичниот законик ги избришаа клучните елементи на кривичното дело поврзано со злоупотребите во јавните набавки од Кривичниот законик, а денес создаваат нови законски исклучоци од редовните правила.

Скопје заслужува титула Европска престолнина на културата, а не европска фасада за старите криминални навики - напиша на крајот Зајкова. 




ad
Слично

Поврзани вести