ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кој одговара кога човек ќе биде лишен од слобода врз основа на тврдења што подоцна се покажуваат како НЕТОЧНИ?“: Чавков се огласи од Халкидики

„Кој одговара кога човек ќе биде лишен од слобода врз основа на тврдења што подоцна се покажуваат како НЕТОЧНИ?“: Чавков се огласи од Халкидики

Поранешиот министер за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков се огласи на социјалните мрежи со посебна објава околу објавите поврзани со неговото апсење, но и со тврдењата дека има вила во соседна Грција. 

- Пред седум години бев притворен поради наводи во полициска службена белешка дека ќе избегам во „мојата вила“ на Халкидики.

Денес после многу години сум на Халкидики, но Во изнајмен апартман.

Фактите останаа посилни од наводите.

Но останува едно прашање што секоја правна држава мора да си го постави:

Кој одговара кога човек ќе биде лишен од слобода врз основа на тврдења што подоцна се покажуваат како НЕТОЧНИ?

БЕЗ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ПРАВДА!!!

Чекаме…. - напиша Чавков на Фејсбук. 


Инаку за потсетување Чавков, кој беше осуден во случајот „27 април“, на почетокот на месец мај беше пуштен на условен отпуст. Информацијата ја потврди директорот на Затвор Штип, Дејан Здравков, каде Чавков ја издржуваше затворската казна. 

Тој беше осуден на 18 години затвор за тероризам поврзан со настаните од 27 април 2017 година, кога дојде до насилен упад во Собранието на Македонија.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести