ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заразени со западнонилска треска се регистрирани неделава?

Колку заразени со западнонилска треска се регистрирани неделава?

Уште седум случаи заразени со вирусот Западен Нил се регистрирани во земјава  изминатата недела, со што вкупниот број од почетокот на годинава се искачи на 20, потврди Министерството за здравство.

Сите новозаболени се жители на Скопје на возраст од 60 до 84 години и се хоспитализирани. По два случаи се регистрирани во општините Кисела Вода и Гази Баба, а по еден во Илинден, Бутел и Аеродром.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден пациент за кој постои сомнение се очекуваат резултатите од испитувањата.

Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. Според Министерството, станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите хоспитализирани се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.

Бројот на критично болни е непроменет во споредба со состојбата од пред една недела, но значително се зголемени вкупниот број случаи и бројот на пациенти на болничко лекување. Заклучно со 30 јули во земјава имаше 13 потврдени случаи и десет хоспитализирани пациенти. Оттогаш се регистрирани уште седум случаи, а бројот на хоспитализирани е зголемен за шест.

Првиот случај годинава е пријавен на 15 мај кај пациент од Велес. 

ad
Слично

Поврзани вести