ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колумбија прогласи национална катастрофа, загинати се над 110 луѓе

Колумбија прогласи национална катастрофа, загинати се над 110 луѓе

Силниот земјотрес што денеска ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела.

Претседателот рече дека најмалку 87 лица се повредени, а 61 зграда се урнала, вклучувајќи 37 станбени згради.

„Прв приоритет е да се спасат луѓето заробени под урнатините“, кажа тој.

Колумбиската влада прогласи состојба на „национална катастрофа“ откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер погоди неколку департмани во земјата.

Поради обемот на катастрофата предизвикана од земјотресот со епицентар во Чоко,  Комитетот за вонредно управување со катастрофи објави прогласување на национална катастрофа.

Со прогласување на национална катастрофа, властите сакаат да ја забрзаат мобилизацијата на средства за помош на погоденото население и проценка на оштетената инфраструктура.

Позната катедрала е оштетена во земјотресот.

ad
Слично

Поврзани вести