ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовски државјанин возел со 220 километри на час на автопатот А1

Косовски државјанин возел со 220 километри на час на автопатот А1

Косовски државјанин бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека возел со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што дозволената брзина е 120 километри на час.

Возачот Ш.З., на возраст од 36 години, бил приведен денеска во 8.41 часот на паркингот кај Милетково од полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија.

Тој управувал патничко возило со косовски регистарски ознаки и ја надминал дозволената брзина за 100 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ad
Слично

Поврзани вести