ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кожувчанка“: Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка ја преземаме на свој товар

„Кожувчанка“: Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка ја преземаме на свој товар

Од  „Кожувчанка“ велат дека како општествено одговорна компанија, ги отфрлаат обвинувањата на СДСМ.

„Во име на вистината, тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија „Кожувчанка“ од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот, која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. „Кожувчанка“ гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, а сè со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа им е најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна“, велат од компанијата. 
Владата на Република Македонија преку соопштение ги отфрли како невистинити обвинувањата на СДСМ поврзани со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за, како што наведува, „целосно измислени дезинформации“ и обид за манипулација со јавноста.

СДСМ обвини дека поради кризата во Гостивар е набавена вода без јавен повик.

ad
Слично

Поврзани вести