ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИВИЧНА ЗА СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА НЕПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА: откако почина работник при сеча на дрва

КРИВИЧНА ЗА СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА НЕПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА: откако почина работник при сеча на дрва

Поднесена е кривична пријава против жител на струшкото село Мислодежда С.М. (53) поради крадење на дрва, но и поради непреземени мерки за зашитата при работа. 

Имено, откако во април за време на работните активности бил повреден и починал скопјанецот Р.Д. на 46 годишна возраст во болницата во Струга, преземени се повеќе мерки за разоткривање на деталите од оваа трагедија.  

Како што објави ОВР Струга поднесена е кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.   

Лицето е сопственик на фирма, кој без соодветни одобренија ангажирал работници за сечење на дрва. Освен што краделе дрва, истовремено се десила несреќа во која тешко бил повреден Р.Д. (46), кој подоцна во болницата во струга им подлегнал на повредите.   

- На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, С.М. без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и 3 стебла габер или вкупно 31.9 кубни метри огревна дрвната маса.

За време на сечата, работникот Р.Д.(46) од Скопје бил удрен од дрво. по што починал во Општата болница во Струга. На местото на несреќата, увид извршија ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција - посочуваат од СВР Струга. 


ad
Слично

Поврзани вести