ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маѓар ги повика граѓаните да штедат струја и вода

Маѓар ги повика граѓаните да штедат струја и вода

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска ги повика граѓаните на таа земја од понеделник поодговорно да ја користат електричната енергија и да обрнат посебно внимание на најранливите, бидејќи Унгарија ја очекува најжешките денови со температури до 40 степени Целзиусови.

„Најкритичните пет дена се пред нас. Утре нуклеарната централа Пакш повеќе нема да произведува електрична енергија, а доаѓаат најжешките денови со температури од 40 степени“, рече унгарскиот премиер, предупредувајќи дека електроенергетскиот систем, јавните услуги и граѓаните ќе бидат изложени на големо оптоварување, објавува Index.hu.

Тој го повика населението да се грижи за децата, старите лица, болните и луѓето кои живеат сами, како и да ја намали потрошувачката на електрична енергија, особено во периодот од 17  до 22 часот, а особено помеѓу 18 и 21  часот.

Маѓар апелираше до компаниите, институциите, локалните самоуправи и граѓаните да ја намалат или одложат потрошувачката на електрична енергија во тој период, додека од раководството на трговските центри побара да го намалат ладењето на зградите, а од локалните и верските институции привремено да го исклучат декоративното осветлување.

Унгарскиот премиер предупреди дека доколку доброволното намалување на потрошувачката не е доволно, владата ќе воведе задолжителни ограничувања за големите потрошувачи.

foto printskrin youtube

ad
Слично

Поврзани вести