ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мајките се држат како заложници меѓу ФЗОМ, ПИОМ, УЈП и приватните фирми“: Исмаил обвинува 'Клековски го остави проблемот'

„Мајките се држат како заложници меѓу ФЗОМ, ПИОМ, УЈП и приватните фирми“: Исмаил обвинува 'Клековски го остави проблемот'

Денеска, поради саботажа на Седницата за пратенички прашања, не стигнав на ред да поставам прашања во живо во врска со исплата на породилниот надоместок. Затоа поднесов писмени пратенички прашања (слики во коментар) до министрите Сашо Клековски и Ѓоко Велковски во врска со мајките кои три, четири, па дури и пет месеци чекаат исплата на породилниот надоместок.

Ова го објави доцна синоќа на социјалните мрежи пратеникот Реџеп Исмаил од опозициската партија Левица, истакнувајќи дека Клековски не го наследи проблемот со доцнењето на породилното отсуство. 

- Главната одговорност е кај Клековски. Тој не е нов министер кој затекнал туѓ проблем. Тој, до неодамна лично раководеше со ФЗОМ, каде што се наталожувале заостанатите исплати. Затоа мора да одговори зошто мајките се оставени без законскиот приход и кога ќе им бидат исплатени сите средства, и што ќе превземе за ова да не се случува и понатаму?

Истовремено, мајките се држат како заложници меѓу ФЗОМ, ПИОМ, УЈП и приватните фирми. Кога работодавачот не ги уплаќа придонесите, последиците не ги трпи фирмата, туку мајката и нејзиното новородено дете - нагласува Клековски. 

Потоа додаде дека е потребно итно да се испита и кривичната одговорност на работодавачите кои исплаќаат плати, а не ги уплаќаат задолжителните придонеси.

- Но одговорност мора да се бара и од УЈП и другите надлежни институции, кои со месеци располагаат со податоците, а се однесуваат како да не го гледаат прекршувањето на законот.

Породилниот надоместок не е милостина, туку законски стекнато право. Мајките не смеат да ја плаќаат цената на неодговорните фирми, институционалниот хаос и директорувањето на Клековски - нагласи тој во неговата објава. 


ad
Слично

Поврзани вести