ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невообичаен висок раст: „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЗА ЕДНА ГОДИНА ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ЗА 140 ЛИЦА

Невообичаен висок раст: „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЗА ЕДНА ГОДИНА ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ЗА 140 ЛИЦА

Јавното претпријатие „Македонија пат“ ја завршило 2025 година со 869 вработени, наспроти 729 на крајот од 2024 година. За само една година кадарот е зголемен за 140 лица, односно за 19,2 отсто. Вработувањата временски се совпаѓаат со периодот по парламентарните избори во мај 2024 година и првата цела година од мандатот на новата власт. 

Растот на бројот на вработени го зголемил и трошокот за кадар. Вкупните трошоци за вработените пораснале од околу 8.649.170 евра во 2024 година на 9.876.847 евра во 2025 година. За една година претпријатието издвоило дополнителни 1.227.677 евра, што претставува раст од 14,2 отсто.

Само за нето-плати и надоместоци биле потрошени 5.720.881 евро во 2025 година, наспроти 5.015.992 евра претходната година. Разликата изнесува околу 704.889 евра. Сумите се пресметани по курс од 61,5 денари за едно евро.

Просечната исплатена бруто-плата по вработен истовремено паднала од околу 861 евро во 2024 година на 824 евра во 2025 година. Таа била значително под државниот просек од околу 1.124 евра.

Падот на просекот упатува на прием на голем број работници со плати под дотогашниот просек во претпријатието. Можно е дел од нововработените да биле ангажирани со примања блиски до минималната плата, со што го повлекле надолу вкупниот просек. 

Во документот е наведено

„Просечната исплатена бруто-плата по вработен изнесува 50.649 денари, што е помалку од просечната бруто-плата во државата од 69.141 денар.“

Претпријатието во 2025 година прикажало и нето-добивка од околу 4,95 милиони евра, наспроти 1,51 милион евра во 2024 година. Приходите од работењето достигнале околу 29,64 милиони евра.

„Македонија пат“ е задолжено за редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, санација на оштетени делници, крпење дупки, поставување сигнализација, одржување мостови и интервенции при непогоди. Ова јавно претпријатие се финансира од буџетот на ЈП „Државни патишта“.


Филип Костов

ad
Слично

Поврзани вести