МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ СТЕПАЛЕ НА ИГРАЛИШТЕ ВО КИСЕЛА ВОДА, СЕ ВКЛУЧИЛЕ И РОДИТЕЛИТЕ - ја штителе ќерката, нападнале туѓо дете
Малолетници се степале на игралиште во општина Кисела Вода во Скопје, по што во тепачката се вклучиле и нивните родители, објави Министерството за внатрешни работи.
Случајот во полиција го пријавиле родителите на спротивставените страни, при што и двете страни имаат различни изјави.
- На 14.08.2026во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.
Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од Б.Ц.(46) од Скопје – татко на еден од малолетниците.
Додека пак, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот во двор од куќа во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б., откао претходно еден од малолетниците ненамерноудрил малолетничка со пластично шише.
Исто така, А.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 13.08.2026 околу 22:15 часот во Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б. По преземени мерки СВР Скопје ги расчисти пријавните настани. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци - се посочува во објавата на МВР.
