ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Слободата не започува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ

Мицкоски: Слободата не започува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пелинце порача дека слободата не започува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ.

Вели дека Крушево и АСНОМ не се две различни приказни. 

„Во Крушево се покажа дека народот не престанува да сонува, а во АСНОМ се покажа дека народот знае и да создава“, рече Мицкоски. 

Премиерот вели дека антифашизмот станал трајна македонска определба. Рече дека македонскиот народ и националностите самите се изборија за слобода. Тој зборуваше и за опозицијата и рече дека носеле одлуки кои не им се допаѓаат на Македонците. Вели дека опозицијата навива тие да не успеат. 

„Никогаш нема да го разочарам народот, јас предавства на штета на народот, како што правеа во минатото, по ниту една цена нема да направам“, вели Мицкоски. 

Премиерот додаде дека надежта е најсилната движечка сила на нашето општество. Вели дека вистински непријател е секој оној што ја разорува довербата од внатре. 

фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести