Мицкоски вели дека Владата нема најава за укинување на вториот пензиски столб
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не најавила укинување на вториот пензиски столб, откако во јавноста се отвори дебата за евентуално префрлање на средствата од приватните пензиски фондови во државниот фонд.
Одговарајќи на новинарско прашање за реакциите на пензиските друштва и за можните последици од таквата одлука, Мицкоски рече дека може да зборува единствено за ставот на Владата.
„А кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Не разбирам... Јас можам да зборувам од името на Владата, таква најава од името на Владата нема“, изјави Мицкоски.
Изјавата ја даде при посетата на Клиничката болница во Битола, каде што одговараше на повеќе новинарски прашања.
Слично
