ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mилошоски: Илинден не е само датум во календарот, Илинден е историска вага

Mилошоски: Илинден не е само датум во календарот, Илинден е историска вага

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска од Крушево порача дека Meчкин Камен е местото каде што една мала чета одбрани јунаци застанала против посилниот непријател. 

„Питу Гули и другите знаеја дека силите се побројни, знаеја дека нема да се вратат, да ги видат своите сопруги, деца, родители“, кажа Милошоски. 

Вели дека тоа го сториле од љубов кон татковината и кон семејствата кои ги бранеле.

„Се бореле затоа што одбиле да живеат без надеж и без слобода“, додаде Милошоски. 

Вели дека Путу Гули и другите знаеле дека нема да победат, знаеле дека ќе загинат, но останале верни на паролата „Смрт или слобода“. 

Рече дека и Питу Гули и Никола Карев имале заедничка девиза дека слободата не се добива како подарок. 

„Илинден не е само датум во календарот, Илинден е историска вага на која секоја генерација може да ги мери своите дела“, додаде Милошоски. 

Вели дека државата не е само територија, таа е наследство што им се предава на идните генерации. Милошоски укажа и на лошата демографија. 

ad
Слично

Поврзани вести