МИСАЈЛОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ: Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија
Mинистерот за одбрана
Владо Мисајловски на граѓаните им го честита Илинден.
„Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден. Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали - слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава. Таа идеја живее и денес во секој од нас, затоа што слободата и мирот што ги уживаме се платени со жртвата на нашите предци. Денешниот празник нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има можност достоинствено да живее и да придонесува за заедничката иднина. Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните поколенија. Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир. Нека ни е честит 2 Август – Илинден! Нека ни е вечна Македонија!“, пиштува тој во честитката.
Утре е неработен ден во Македонија за сите граѓани.
