ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муцунски: Повеќе луѓе се повикани во полиција за лажните информации околу водата

Муцунски: Повеќе луѓе се повикани во полиција за лажните информации околу водата

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.

Муцунски вечерва во гостување на „Сител“ рече дека мора да има одговорност за раширената паника.

„Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и да ширите паника“, рече Муцунски. 

За време на прес-конференцијата, денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски побара да му донесат чаша вода директно од чешма и се напи пред присутните новинари.

фото Фејсбук/Тимчо Муцунски

ad
Слично

Поврзани вести