ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку седум лица загинаа во нападот на Хутите врз јеменското пристаниште Ал-Маха

Најмалку седум лица загинаа во нападот на Хутите врз јеменското пристаниште Ал-Маха

 Најмалку седум лица загинаа утрово во воздушниот напад на јеменските бунтовници Хути врз пристаништето Ал-Маха, објави јеменската армија.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот, објави Ал Џезира.

Јеменските бунтовници објавија дека го извршиле нападот „со голем број балистички ракети и беспилотни летала“, наведувајќи дека целите биле „војници на саудискиот непријател и складишта со оружје“.

Хутите наведуваат дека причината за нападот е нивното верување дека Саудиска Арабија го користи пристаништето за зајакнување и снабдување на јеменските владини сили стационирани во тој дел од покраината Таиз.

Ал-Маха е стратешки важно пристаниште што се наоѓа на западниот брег на покраината Таиз.

Тоа пристаниште обезбедува стратешка предност, не само кога станува збор за контрола на Црвеното Море, туку и за следење на танкерите за нафта и движењето на бродовите што доаѓаат од Арапското Море.

ad
Слично

Поврзани вести