ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓач пукаше во директорот на руска компанија за развој на дронови

Напаѓач пукаше во директорот на руска компанија за развој на дронови

Обид за атентат имаше во Русија. 

Директорот на руска компанија за развој на дронови Андреј Черезов денеска беше хоспитализиран во Тула по вооружен напад кој се третира како обид за атентат. Андреј Черезов, раководителот на компанијата, доживеа напад во градот кој се наоѓа на 190 километри јужно од Москва, објавија руските медиуми.
Рускиот портал за криминалистички вести „Маш“ објави дека непознат напаѓач го пречекал Черезов на скалите од зградата. Тој испукал три куршуми кон директорот.
Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него. Официјални информации за здравствената состојба на Черезов сè уште нема. 
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Украина преку атентати елиминираше повеќе руски генерали. 
foto printskrin youtube

ad
Слично

Поврзани вести