ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народниот правобранител се разбуди, оформи предмет за водата во Гостивар

Народниот правобранител се разбуди, оформи предмет за водата во Гостивар

Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции.

Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно здравје.

„Во текот на вчерашниот ден добиени се писмени информации од нивна страна. Меѓутоа, истите не се целосни, бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции, со цел да се добијат конкретни информации“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство. Одреден е притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители, обвинителството ги сомничи дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа.


ad
Слично

Поврзани вести