ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од мопед пукал со автоматска пушка кон семејна куќа во Тетово

Од мопед пукал со автоматска пушка кон семејна куќа во Тетово

Непознато машко лице утрово пукало со автоматска пушка кон семејна куќа во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот во СВР Тетово бил пријавен околу 4:20 часот. Според пријавеното, лицето се движело со мопед и испукало повеќе куршуми кон куќата на 48-годишниот Ш.Б., по што се оддалечило од местото.

При полицискиот увид биле констатирани оштетувања на металната врата од дворот, фасадата на куќата, летниковецот и паркирано возило „бмв“.

Од местото биле подигнати шест проектили кои ќе бидат испратени на вештачење.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

ad
Слично

Поврзани вести