Од утре локални дождови, но температурите остануваат високи
Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со малку локални облаци. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19°C, додека максималните ќе достигнат од 33 до 40°C.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од различни насоки. Минималната температура ќе биде 16°C, додека максималната ќе достигне 39°C.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), периодот на сончево време и многу високи температури ќе продолжи и во наредните денови, каде што на некои места температурата ќе достигне 40°C. Од утре до крајот на неделата, во попладневните часови, се очекува локален развој на нестабилна облачност, придружена со кратки врнежи од дожд и грмежи.
