ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Откако ќе го победиме Иран, ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на САД“: Трамп со ново тврдење, Иранците не се откажуваат

„Откако ќе го победиме Иран, ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на САД“: Трамп со ново тврдење, Иранците не се откажуваат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“.

„Откако ќе го победиме Иран... ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк.

Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став.

„Она што го правиме е голема услуга за светот, не само за себе... и навистина работиме одлична работа“, рече американскиот претседател. Тој стави до знаење дека никогаш нема да се извини за нападот што го започна со Израел врз Иран на 28 февруари оваа година.

Трамп претходно предупреди во интервју за Фокс њуз дека САД силно ќе го погодат Иран економски. Околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас минуваат низ Ормуската Теснина. 

Од друга страна од Иран пристигнуваат контра изјави. Спроед  иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, земјата не донела одлука за продолжување на разговорите со САД. Тој истакна дека пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори.

Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз преку тесниот морски пат.

Фото: Принтскрин/Икс

ad
Слично

Поврзани вести