„Отстрането“ знамето со 12 сончеви краци од прославата за 35 години независност
По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана и го немаше знамето со 12 сончеви краци.
На синоќешниот настан во Битола беше истакнато официјалното македонско знаме со осум сончеви зраци, со што беше отстранета дилемата која се појави по настапот во Охрид.
Потсетуваме, „Силно светнал ден“ е голем музичко-сценски спектакл посветен на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Турнејата ќе продолжи низ повеќе македонски градови, а завршницата е предвидена во Скопје на 4 септември.
Слично
