ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пајак Црна вдовица каснал велешанка, жената заврши во болница

Пајак Црна вдовица каснал велешанка, жената заврши во болница

Пајак Црна вдовица каснал 61-годишна жена од Велес додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што лекарска помош побарала во Ургентниот центар во Велес.

Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот го донеле во болницата, каде што лекарите потврдиле дека станува збор за Црна вдовица.

Од Велешката болница велат дека не паметат ваков случај во последните четири децении. Црната вдовица живее во карпестите предели на Велешко, а нејзиниот отров е силен невротоксин кој може да предизвика силна болка, мускулни грчеви, потење и мачнина.

foto Wikipedia

ad
Слично

Поврзани вести