Петнаесетгодишник возел автомобил низ Скопје, полицијата го лиши од слобода
Петнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да има право на управување, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил регистриран денеска, 31 јули, околу 1 часот и 10 минути на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје.
При сообраќајна контрола, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило со скопски регистарски ознаки. По извршената проверка било утврдено дека возилото го управувал 15-годишниот малолетник, кој сè уште немал стекнато право за управување моторно возило.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
