Пијан предизвикал пожар во двор во струмичко, огнот се проширил и на улицата
Шеесет и тригодишен жител на Струмица бил приведен откако предизвикал пожар во дворно место во селото Габрово, кој потоа се проширил и кон улицата.
Според информациите од полицијата, на 30 јули околу 22 часот, полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во својот двор.
Огнот се проширил кон улицата, по што интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Мажот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струмица. При алкотестирањето било утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
