Почетна
Економија
Финансии
Македонија
Агробизнис
Анализа
Мои пари
Балкан
Свет
Стил
Колумни
Општо
Спорт
Галерија
VIP успешни приказни
Интервјуа
Корона Вирус
Фактор Анализа
Економија, финансии, бизнис
Контакт
info@faktor.mk
070 123 456
Бул. Партизански Одреди 14/2-51
Почетна
Свет
По БИХ и Бугарија, Газпром купува бензински станици и во Ром...
Свет
05 дек 2012
По БИХ и Бугарија, Газпром купува бензински станици и во Романија
Компанијата "Нафтена индустрија Србије" (НИС), чиј мнозински сопственик е руски Газпром, е на чекор од купување на 60 бензински пумпи во Романија од „OMV Петром“, пишува денеска весникот "Адеварул". Со ова Газпром прави мал, но важен чекор за влез на романскиот пазар, посочува весникот.На крајот на минатата недела НИС го објави купувањето на 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, а пред неколку месеци најави дека има намера да купи 40 бензински пумпи во Романија до крајот на годинава и уште 120 до крајот на 2014 година. Есента оваа година српската филијала на Газпром купи три бензински пумпи на Евроил, сопственост на романски бизнисмени. Сега е на пат да купи речиси 60 на Петром, пишува весникот. Во натписот стои и дека со 63 бензински пумпи во Романија, Газпром ќе стане еден од големите синџири, по Петром (550 бензински пумпи во моментов), Ромпетрол (450), Лукоил (300) и МОЛ (133). На локалниот пазар НИС ќе надмине мрежата бензински пумпи Аджип со 37 станици. Ова лето српската единица на Газпром-НИС Петрол купи уште пет бензински пумпи во Бугарија, со што го зголеми својот удел до 0.6% од бугарскиот пазар.
Сподели:
Слично
Поврзани вести
Свет
пред 1 месец
„Луѓето беа под седиштата, сите врескаа и бараа помош“: Хелена била во „автобусот на смртта“ враќајќи се од Меѓугорје
Свет
пред 1 месец
Руската економија им пркоси на скептиците: Пукнатините се потешко се кријат
Свет
пред 1 месец
Исцрпените стратешки резерви на нафта се приближуваат до ниво што предизвикува загриженост во САД
Свет
пред 1 месец
Тешка несреќа во Унгарија – полски автобус се лизна од патот, дванаесет мртви
Свет
пред 1 месец
Шокантни податоци од Франција: Речиси 500 лица уапсени за палење од почетокот на јули
Свет
пред 1 месец
Бројот на жртви во земјотресот во Колумбија се искачи на 294, дури 3.935 повредени