Почина Исмаил Бојда, почесниот претседател на Сојузот на Македонците муслимани
На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.
„Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за идните генерации како треба да сте Горд што му припаѓате на Македонскиот народ но и почестен и Горд што и припаѓате на Исламската религија“, објави актуелниот претседател на СМИР, Љатиф Пајкоски.
Исмаил Бојда по потекло беше од село Борје, Гора, Косово. Погребот е утре во Скопје.
Слично
