ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пола Македонија отруена, а одговорни сè уште нема“: СДСМ алармира 'седум градови и неколку села немаат вода за пиење'

„Пола Македонија отруена, а одговорни сè уште нема“: СДСМ алармира 'седум градови и неколку села немаат вода за пиење'

Пола Македонија отруена, а одговорни сè уште нема. Неофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.

А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат. Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон?

Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно?

Ова го посочуваат утрово од опозициската СДСМ од каде истакнуваат дека „пола Македонија е отруена“.

- Седум градови и неколку села немаат вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат.

Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна.

Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија.

Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори - укажуваат од опозицијата. 

Потоа напоменуваат дека министерот за внатрешни работи, Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО, па станал полицаец-водоводџија.

- Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии.

Затоа е многу сериозно. На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот.

Здравјето на граѓаните - не.

Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена.

Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери.

Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски - се посочува во нивната објава на социјалните мрежи. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести