ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец приведен во Стар Дојран, осомничен дека нападнал жена и нејзиниот малолетен син

Полицаец приведен во Стар Дојран, осомничен дека нападнал жена и нејзиниот малолетен син

Триесет и петгодишен полициски службеник од Ресен бил приведен рано утрово во Стар Дојран, по пријава дека физички нападнал жена со која бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода денеска околу 4 часот од полициски службеници на СВР Струмица и ОВР Гевгелија.

Нападите биле пријавени дека се случиле на 1 и 2 август во Стар Дојран. Жртвата е 36-годишна жена од Прилеп.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

По документирањето на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава. Известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР

ad
Слично

Поврзани вести