ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата дошла да му помогне, 17-годишник нападнал полицаец во Скопје

Полицијата дошла да му помогне, 17-годишник нападнал полицаец во Скопје

Седумнаесетгодишник од Скопско бил приведен вчера откако физички нападнал полициски службеник во центарот на Скопје.

Според информациите од МВР, граѓани претходно пријавиле дека малолетникот агресивно и недолично се однесувал.

На местото пристигнале полициски службеници, кои забележале дека 17-годишникот имал повреди и се обиделе да му помогнат. Во тој момент тој физички нападнал еден од полицајците.

Малолетникот бил лишен од слобода во Полициската станица Центар, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ad
Слично

Поврзани вести