ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата го уапси возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Полицијата го уапси возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Полицијата го уапси возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, и за него ќе следува кривична пријава. 

„Денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 2 август околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител“, соопшти полицијата. 

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ad
Слично

Поврзани вести