ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ДВА ЛОКАЛА ВО ГОСТИВАРСКО, ПРИВЕДЕНИ 15 СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ, ПРОНАЈДЕНА И ДРОГА

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ДВА ЛОКАЛА ВО ГОСТИВАРСКО, ПРИВЕДЕНИ 15 СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ, ПРОНАЈДЕНА И ДРОГА

Полицијата рано утринава спроведе акциска контрола во два угостителски објекти во гостиварскиот регион, при што биле приведени 15 странски државјанки, а две лица биле лишени од слобода.

Во објект во Чегране бил уапсен 50-годишен жител на Форино, кој по пристигнувањето на полицијата ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат. Полициските службеници го блокирале задниот излез и го спречиле бегството на повеќе странски државјанки.

Во друг угостителски објект на подрачјето на Галате бил приведен 53-годишен гостиварец, кај кого била пронајдена марихуана.

Во двата објекта биле затекнати вкупно 15 жени на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија. Тие се приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на неговата цел.

Сите лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ad
Слично

Поврзани вести