ПОРОЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР ВО ЧЕТВРТОК И ПЕТОК - синоптичарите најавуваат благ пад на температурите
Управата за хидрометеоролошки работи сподели дека по исклучително високите температури кои деновиве ја зафатија нашата земја, во четврток и петок се очекува пороен дожд проследен со ветер и грмежи.
Воедно според УХМР ќе дојде и до благо намалување на температурите.
- Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени - соопштуваат од УХМР.
Фото: Фактор/Архива
Слично
