ПОСЛЕ ДОЖД, СОНЦЕ - пред нас сончев викенд со летни температури, ново наоблачување и дожд во вторник
После вчерашната нестабилност која повеќе ја почуствуваа жителите на јужната половина од државата, за викендов синоптичарите најавуваат претежно стабилно време, но не многу топло.
Се очекува дневна температура да се движи во интервал од 27 до 35 степени во текот на денешниот ден, додека пак утре од 30 до 37 степени.
Утринските температури ќе бидат доста пониски и тоа од 8 до 16 степени.
Во понеделник исто така не очекува доста топло време, а во вторник над нашето потрачје ќе помине ослабен фронт од север кој ќе донесе одредено заладување, послаби врнежи на повеќе места и претежно облачно време .
Втората половина од следната недела повторно со сончево време и со високи температури, дневните од 32 до 39 степени.
Високите температури најверојатно ќе се задржат до крајот на месецот, со мала можност за слаби врнежи околу 26-27.8.
Фото: Принтскрин/Јутуб
