ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЦИ НАМАЛЕН, НО И ПОНАТАМУ АКТИВЕН - пожарникарите го гаснеа цела ноќ, еве каде гаснат утрово
Пожарот кој гореше во околината на Кавадарци и понатаму е активен, но значително намален, информираше утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
- Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но сеуште е активен - нагласи Ангелов.
Потоа додаде дека денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од с.Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и 2 вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и 4 вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени; и ТППЕ Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „Лада Нива“ и 8 пожарникари;
Додека пак во реонот на с. Раец интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени; ТППЕ Кавадарци со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари; ТППЕ Неготино со 1 џип и 4 пожарникари; како и 4 вработени од МВР.
Фото: ДЗС
