ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Прекрши го законот, шетај на државна сметка, дупи ги граѓаните во здрав мозок и ќе те постават за специјален пратеник за ЕУ“: Најчевска со остра реакција

„Прекрши го законот, шетај на државна сметка, дупи ги граѓаните во здрав мозок и ќе те постават за специјален пратеник за ЕУ“: Најчевска со остра реакција

Професорката Мирајна Најчевска, која важи за остар критичар на случувањата во земајва, утрово преку социјалните мрежи се осврна на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи за нов специјален пратеник за ЕУ. 

- Ахахахаха

Прекрши го законот, шетај на државна сметка, дупи ги граѓаните во здрав мозок и ќе те постават за специјален пратеник за ЕУ.

Ахахахаха

Ма гонете се бре кретени неписмени.

И сите вие кои овозможувате овие кретени неписмени да управуваат со државата.

Секој со два грама мозок ќе избега од ова дувло на хоштаплери и џепароши.

Дајте бре луѓе стручна влада на спасот за да станеме држава а не вукојебина - напиша Најчевска на Фејсбук. 

Нејзината реакција е поттикната од фактот што Фетаи два месеци не доаѓаше на работа во Владата, но сепак, никој не обзнани дали за тој период земал целосна плата. Фетаи од позицијата вицепремиер даде отказ на 1 јуни. 

Еве ја нејзината објава: 




ad
Слично

Поврзани вести