ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор за жената која нелегално наплаќаше влез кај локалитетот „Куклица“

Притвор за жената која нелегално наплаќаше влез кај локалитетот „Куклица“

Кратовчанката која наплаќаше влез во Камени Куклици заврши во притвор. 41-годишната Стојна Димитровска, според обвинителството, подолг период бесправно го узурпирала заштитениот локалитет „Куклица“, без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, влегувала во расправии и им упатувала закани. 

И покрај претходно изречената забрана да го посетува локалитетот, таа продолжила со истото однесување, а при последниот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, а заедно со нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани и во спречување пазарни инспектори при вршење службени.

- При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка. – соопштија од Обвинителството 

Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат. Според нив, на дел од туристите им биле наплаќани по 10 евра од лице, а при претходни посети и до 20 евра, со објаснување дека локалитетот „Камени кукли“ е приватна сопственост. Проблемот со узурпацијата на заштитеното природно подрачје, според надлежните, се провлекувал долг временски период. Од Општина Кратово посочија дека за случајот алармирале уште во 2015 година, а во 2024 година биле поднесени и кривични пријави 

ad
Слично

Поврзани вести