ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведени родители на пет деца во Велес, во домот немало основни услови за живот

Приведени родители на пет деца во Велес, во домот немало основни услови за живот

Полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи извршиле увид во домот во кој живееле родителите со нивните пет малолетни деца. При увидот било констатирано дека во домот немало основни услови за живот и одгледување на децата.

За случајот бил известен јавен обвинител, а со родителите бил извршен службен разговор.

Децата биле однесени во Општата болница Велес за да се утврди нивната здравствена состојба, по што биле предадени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ad
Слично

Поврзани вести