ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдена 15-годишната Кристина од Охрид: веќе е со семејството

Пронајдена 15-годишната Кристина од Охрид: веќе е со семејството

Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување.

Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности.

Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители. 

Од рано утрово се споделуваше апел за помош на социјалните мрежи, бидејќи нејзините родители не можеле да стапат во контак со девојчето од вчера попладнето.

ad
Слично

Поврзани вести