ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин за прв пат ги посети Курилските острови, за кои Јапонија тврди дека се нивни

Путин за прв пат ги посети Курилските острови, за кои Јапонија тврди дека се нивни

Јапонија денес издаде „силен протест“ поради посетата на Владимир Путин на Курилските Острови, што е прв пат руски претседател да го посети спорниот архипелаг.

Руските државни медиуми објавија дека Путин го посетил Итуруп, познат во Јапонија како Еторофу, еден од четирите острови во Курилскиот ланец што го бараат и Русија и Јапонија, објави Ројтерс.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави дека островите се „неотуѓива јапонска територија, и историски и според меѓународното право, и дека Владата на Јапонија остро протестира против оваа посета“.

Двете земји се во спор околу Курилските Острови со децении, што е главната причина зошто Москва и Токио не потпишаа мировен договор по Втората светска војна.

Курилните Острови се наоѓаат помеѓу Хокаидо во северна Јапонија и рускиот полуостров Камчатка. Јапонија ги бара четирите најјужни острови, нарекувајќи ги „Северни територии“.

Тие се контролирани од Русија. На крајот од Втората светска војна, Советскиот Сојуз ги анектираше островите и депортираше околу 17.000 јапонски жители.

За време на посетата, Путин проба икра и разговараше со локалното население, објавија руските државни медиуми.


ad
Слично

Поврзани вести