Регистриран е прв потежок случај на западно-нилска треска во Македонија
Регистриран е прв потежок случај на западно-нилска треска во Македонија.
Станува збор за повозрасен пациент. Тој има воспаление на мозокот и е приклучен на респиратор. Седумдесет и шестгодишниот скопјанец кој не патувал надвор од државата, заразен е од домашен заразен комарец.
„За жал, 76-годишен пациент е потешко болен и се наоѓа во центарот за интензивна нега. Пациентот е на респираторна поддршка затоа што кај него е покритична состојбата. Останатите пациенти се стабилни и се префрлени во Одделот за невроинфекции“, изјави директорот на Инфективната клиника Фадил Цана.
Досега во државава се регистрирани осум случаи на западно нилска треска. Повеќето се повозрасни пациенти и не патувале надвор од државата. Најголем дел од пациентите се од Скопје и Велес.
